Еден тим помалку: Банкротираше Manor F1

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на Manor банкротираше откако принудната управа не успеа да најде купувачи за продолжување на бизнисот.

Компанијата Just Racing Services имаше принудна управа од 6 јануари, но не успеале да најдат купувачи. JRS Компанијата престана на постои во петок, со што значи дека е крај и за тимот на Manor.

Сите вработени во петокот биле испратени дома и им било соопштено дека се „вишок“ со тоа што се затвора бизнисот во вторник, откако ќе биде исплатена јануарската плата.

Сега со новата ситуација постои можност некој да ги купи средставата во фабриката и да се обиде да го продолжи бизнискот. Но, дури и да се случи тоа ќе биде тешко да се стигне рокот, 26 март кога е првата трка во Австралија.

Банкротот на тимот доаѓа само неколку денови по превземањето на Формула 1 од страна на американската компанија Либерти Медиа, а досегашниот долгогодишен шеф, Берни Екслтон беше сменет. Сега остануват само 10 екипи и 20 болиди на патеката.

Manor почна да се натпреварува во 2010 година под името Virgin Racing, и смени неколку сопственици во седумте години. Еднаш веќе беше во стечај и имаше принудна управа, во октомври 2014 година и беше спасен од сегашниот сопственик Стефан Фицпатрик, шефот на компанијата Ово пред самиот почеток на сезоната.

Тимот беше претставен во време кога од страна на тогашниот претседател на ФИА, Макс Мозли беше претставено правилото з амаксимални трошоци од 40 милиони фунти посезона. Но, во 2009 година Мозли се повлече, а потоа и плановите з аограничување беа повлечени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK