Еден Сузуки заминува, друг доаѓа

ОБЈАВЕНО НА:

Осаму Сузуки, првиот човек на Suzuki Motor Corp, и официјално објави дека ја напушта највисоката функција во јуни годинава. Истовремено за наследник на неговата функција го назначи Тошихиро Сузуки, негов син, кој во моментов ја извршува функцијата на Главен извршен директор.

И покрај ваквата одлука, 91 годишниот Сузуки изјави дека останува и натаму активен во компанијата која ја основа дедото на неговата сопруга. Ова и не е толку изненадувачка изјава ако се знае дека претходно Сузуки изјави дека нема намера никогаш да се пензионира и покрај староста која ја живее.

На оваа функција, Осаму Сузуки дојде во 1978 година кога имал 48 години и оттогаш па се до денес е на оваа позиција.

Неговиот наследник, Тоширо ќе има голема одговорност во наредниот период особено поради фактот што треба да ја спроведе стратегијата за електрификација на понудата. “Постигнувањето на карбонска неутралност е во фокусот сега” изјави Тоширо Сузуки кој додаде и дека Suzuki не смее да заостане во глобалниот тренд.

За потсетување, уште минатата година Suzuki инвестираше еден трилион јапонски јени што е околу 10 милиони долари во технологија за електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK