На интерна промоција која Volkswagen ја пренесуваше во живо објавен e подновениот Arteon како и Shooting Brake изведбата.
Рестилизираниот Arteon доаѓа со подновена предна маска. Доминира новата хромирана хоризонтала која продолжува кон новите LED дневни светла. Тука е малку модифицираниот браник, додека на задниот дел доаѓа со нови светла, спортски издувен систем и нов дифузор.
Во понудата ќе биде достапен и со нови алуминиумски фелни, како и боја. Во екстериерот нема големи измени. Модернизирани се одредени елементи, а тука е новиот MIB3 инфотејнмент систем, 10,3 инчниот дигитален кокпит, новиот волан…
Тука се и последните достигнувања во поглед на технологијата. Вреди да се спомене Travel Assist системот за полу-автономно возење кој останува активиран и при брзина од 210 км/ч.
Што се однесува до Shooting Brake изведбата, таа ја следи дизајнерската филозофија применета кај основниот модел. Она со што може да се гордее оваа изведба е пространоста па така багажниот простор достигнува и до 1.632 литри што е за 75 литри повеќе во однос на стандардниот модел.
Под хаубата како основен мотор доаѓа 2.0 литарскиот TSI бенизнски мотор со 190 КС како и дизелскиот достапен со верзии од 150 КС и 200 КС. Plug-in хибридната верзиај која исто така беше претставена доаѓа со 1,4 литарски TSI турбо бензински мотор и електромотор кои заедно продуцираат 160 kW односно 218 КС. R, спортската изведба пак, доаѓа со 2,0 литарски турбо бензински мотор со 320 КС во комбинација со седум степен DSG менувач.
https://youtu.be/RYDULcX-n6k
Првата генерација на Arteon во производство влезе во 2017 година во фабриките во Емден (Гернаија) и Чангчун (Кина). Новата втора генерација се очекува кон крајот на 2022 година.