Еден милион француски „лади“

ОБЈАВЕНО НА:

Од проиводствената линија на АвтоВАЗ излегол милионитиот автомобил изграден на платформата B0 на Renault. Јубилејната Lada со француско потекло е од моделот XRay Cross.

АвтоВАЗ и Renault случија договор за производство на „лади“ со француска шасија во февруари во 2008 година, а првиот готов автомобил излезе од производствената линија четири години подоцна. Иако е едноставно ребрендирана Dacia Logan MCV, Largus веднаш стана еден од најпродаваните модели на рускиот пазар.

Потоа во Тољати почнаа да се склопуваат Nissan Almera, Renault Logan и Sandero, а малку подоцна и Largus Cross и Lada XRay. Минатата година АвтоВАЗ произвел 188.000 автомобили кои се изградени на платформата B0.

Капацитетот на транспортерот на кој се склопуваат моделите на Lada и Renault со таква шансија е 280.000 автомобили годишно, а темпото на производство достигнува 1 автомобил на минута. На истата производствена линија се прават и каросериите за фабриката за алжирски режим.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK