Застапниците на електричната мобилност со гордост се тапкаат по рамо едни со други поради постојаното големува на бројот на регистрации на електромобили во Германија. Сепак, засега нема сериозна причина за ова бидејќи на Германија и претстои долг пат пред електричните возила да пробијат насекаде.
Меѓутоа, што навистина очекуваат луѓето од електромобилноста? Истражувањето на E.ON за електрична мобилност 2020 дава одговор на овие и други прашања. „Нашата анализа покажа дека апсолутното мнозинство на оние што поседуваат возачки дозволи во Германија се отворени кон чисто електричен автомобил, а 64 проценти размислуваат да купат такво возило воопшто“, објаснува Јонас Прудло, одговорен за енергетски решенија во E.ON Германија.
Според проучувањето на возрасните групи меѓу 18 и 44 години се особено пријателски расположени кон електромобилите, а оценките за одобрување се меѓу 76 и 72 проценти. За возрасната група од 45 до 54 години електромобилот е опција за 61 процент, а за возраста меѓу 55 и 69 години години таа сè уште е 49 проценти. Со степенот на одобрување од 71 процент мажите во целина се поубедени во предноста на електромобилите додека кај жените одобрувањето е на ниво од 57 проценти.
На федерално ниво најголемиот афинитет кон електромобилите е одбележува во Рајнланд-Фалц каде 74 проценти од анкетираните можат да си замислат дка купуваат електричен автомобил, а следуваат Берлин (73 проценти) и Хамбург (69 проценти).
Што се однесува до причините за усвојувањето на електромобилите, во прв план се „одржливоста, еколошката свест и заштитата на климата“ – 62 проценти од нивните поддржувачи го наведуваат ова како мотивација а да купат електричен автомобил.
За 55 проценти тоа се бонусите за набавка и даночни поволности, 51 процент би купиле електричен автомобил бидејќи сметаат дека тоа е технологија на иднината, а 41 проценти ја посочуваат како причина за пониските расходи за експлоатација и поддршка. За 40 проценти е важно да не бидат засегнати од забраните за возење во градовите.