Двапати на преглед, но и: Од 5 јули возачите добиваат дополнителен трошок

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата кои се постари од 15 години ќе мораат двапати во годината на детален технички преглед, а ова правило стартува на 5 јули. Ваква одлука е донесена од страна на надлежните органи на северниот сосед, а новините се усвоени на 5 мај.

Статистиката покажува дека дури 30 проценти од возилата ќе мораат двапати годишно на технички што сигурно нема да им се допадне на сопствениците. На технички преглед мора да се оди со чист автомобил, а прегледот трае 35 минути и сè се снима со фото апарат.

„Новиот правилник за технички преглед на возилото почнува да се применува на 5 јули годинава. Одредбите од законот кои се однесуваат на вршење на шестмесечен технички преглед на возилото, кај постарите возила од 15 години ќе се применува на оние автомобили на кои после 5 јулу ќе им се издава регистрациска налепница. Според тоа првиот шестмесечен технички преглед на возилото во склад со новите прописи ќе почнат да се вршат после 5 јануари 2019 година“, велат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Досега многумина не ги наплаќаа услугите за технички преглед бидејќи тоа го покривало осигурувањето при купувањето на полиса. Според новиот правилник, цената на техничкиот преглед ќе ја пропише законодавецот, но во Здружението на технички преглед веќе имаат основа за разгледување со оглед на тоа што треба да ангажираат простор и работници.

Сопствениците на автомобили постари од 15 години ќе мораат да ги платат двата задолжителни технички прегледи бидејќи мораат да минат двапати по 30 минути годишно на линија, па тука нема да има попуст или гледање низ прсти.

„Возилата кои имаат оштетување на шофершајбната, кои имаат корозија нема да го поминат техничкиот преглед“, истануваат од местата каде се вршат техничките прегледи.

Воедно на техничките прегледи ќе се мерат и издувните гасови, па секој ќе мора да ја задоволи онаа емисија која тоа возило ја има фабрички. Оние, пак, кои ги имаат острането катализаторите ќе мораат да ги вратат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK