Речиси кај половина милион возила Kia Sorento е пронајден дефект кој може да предизвика пожар. Автомобилите се произведени во Кореја, а во возила продадени во Хрватска, Франција, Холандија, Португалија, Словенија и Шведска е пријавен ваков проблем.
„Грејачот со позитивен температурен коефициент на возилата опремени со дизел мотори може да се прегрее поради потенцијално оштетување на конекторот на жици, зголемувајќи го ризикот од пожар, се вели во објаснувањето.
Со овој повик за одење во сервис се опфатени модели произведени во периодот од мај 2014 до февруари 2020 година.
* повеќе детали Rapex Alert 20/2022 A12/00735/22
Проблеми се пријавени и кај модели произведени во периодот од март 2020 до ноември 2021 година, исто така произведени во Кореја, а првичната пријава доаѓа од Полска, и пријавени проблеми има и кај возила продадени во Холандија, Словачка и во Шведска. Нема колкав број на возила со овој проблем се зафатени.
„Цевката за снабдување со гориво можеби е неправилно поставена, што може да резултира со истекување на гориво. Ако дојде до истекување на гориво, тоа може да резултира со пожар во моторниот простор, се вели во објаснувањето.
* Повеќе детали Rapex Alert 20/2022 A12/00731/22