Duster добива поголем брат – Grand Duster

ОБЈАВЕНО НА:

Французите кои целосно ја поседуваат фабриката на Dacia во Романија, работат на втората генерација на Duster, но се појавија информации дека моделот ќе има и поголем брат. Тој треба да биде дури и попрактичен и ќе го носи името Grand Duster.

Се претпоставува дека ќе се придружи на семејството во 2018 година, односно една година откако регуларниот модел ќе стартува со продажбата. Засега името Grand Duster нее потврдено, а според пишувањето на медиумите треба да има седум седишта.

Моделот според своите пропорции ќе се најде меѓу автомобилите што сега се на пазарот како што се Kia Sorento и Nissan X-Tral. Истовремено моделот ќе има бенефит од новиот дизајнерски израз што ќе го дели со моделот Duster со пет седишта.

Моторите што ќе се користат меѓу регуларната верзија на Duster и Grand Duster ќе вклучува 1,2 литарски турбодизелски бензински со 123 КС, заедно со 1,6 литарскиот dCi што треба да биде замена за сегашниот 1,5 литарски мотор. Сите модели би требало да доаѓаат со 6 степени мануелни менувачи како стандардна опција, а автоматскиот ќе се нуди како опција. Исто така и можноста на погон на сите четири тркала ќе биде опција.

* Моделот на сликата е Dacia Duster со пет седишта

Следете не и на:

24AUTO NETWORK