Opel објави дека е подготвен за новиот WLTP систем за мерење на потрошувачката и издувните гасови. Иако тој на сила стапува во септември 2019 година, во моментов дури 127 модели на патнички автомобили го исполнуваат новиот стандар за емисија на Euro 6d-TEMP.
“Нашата посветеност кон Euro 6d-TEMP е дел од нашата стратегија да станеме лидер во намалувањето на емисиите кај возила и клучен столб на нашиот пристап кон клиентот. Кој и да купи нов Opel сега не смее да се плаши од забраната за градско возење од денешна перспектива “, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel.
Германскиот производител со речиси 120 годишна автомобилска традиција ги користи платформите на Groupe PSA и иновативните технологии за погон за сите нови модели. Opel годинава импресивно ја покажа својата ефикасност: целото портфолио беше и е целосно достапно кај дилерите на време за транзиција кон новиот светски стандард за хармонизирани лесни возила (WLTP).