Ducati во проблеми – намалена продажба и намалени приходи

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту Ducati како еден од најголемите и најпознатите производители на мотоцикли не остана имун на кризата предизвикана од коронавирусот.

Во вториот квартал од годинава италијанскиот производител оствари пад на продажбата од 24,6% што придонесе за во првата половина од годинава да забележи пад од 24,2%.

Од почетокот на годинава па до крајот на јуни, Ducati на глобалниот пазар испорача 24.032 мотоцикли што директно влијаеше и врз финансискиот резултат однсоно приходите кои се значително намалени во споредба со претходната година.

Единствен сегмент во кој Ducati оствари позитивен пораст е сегментот на спортски мотоцикли каде оствари пораст на продажбата од 0,24% продавајќи при тоа 2.458 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK