Електрификацијата е иднината, но и моторите со внатрешно согорување нема така брзо да исчезнат. За ова се залагаат земјите што имаат производство на автомобили. Тие се надеваат дека транзицијата кон електричните возила ќе се одвива постепено а притоа забрзувањето нема да придонесе до затворање на работни места.
Но, притисокот врз Европската комисија станува се посилен, особено од земјите кои немаат силна автомобилска индустрија, односно голем број вработени во тој индустриски сектор.
Секоја земја самата решава од кога ќе престане продажбата на дизелски агрегати, па и бензински, но нема заеднички став од целата Европска Унија.
Дури девет земји членки на ЕУ испратија писмо до Европската комисија во кое бараат да се одреди јасен датум кога ќе престане продажбата на нови дизел и бензински автомобили на Стариот континент. Овие земји бараат јасен одговор за да можат да ги испланираат своите стратегии за енергија и транспорт.
Потписници се Холандија, Белгија, Австрија, Данска, Малта, Грција, Ирска, Литванија и Луксембург.
Сега на потек е Европската Комисија.