Драстично опаѓа продажбата на дизел возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на продадени возила со погон на дизел се очекува да паднат на само пет проценти од вкупниот пазар на автомобили во Европската унија и тоа до 2030 година. Причината за ова се сè поголемите забрани и барања околу емисиите на штетни гасови, па тоа веќе ги погоди дизел возилата.

Последните истражувања велат дека падот ќе се забрза и се тврди дека уделот на дизелските возила на европскиот пазар веќе забележа пад од 52 на 45 проценти во периодот меѓу 2015 и 2017 година.

Некористењето на дизел возила уште ќе биде отежната со оглед на тоа што Европската унија сака да ги задоволи емисиските стандарди на јаглерод диоксид. Дизелот е промовиран како еколошки поприфатлив од бензинот во склоп на напорите на ЕУ да ја намали емисијата на штетни гасови, особено на CO2.

Додека дизел горивото содржи нешто повеќе јаглерод, вкупната емисија на CO2 на просечниот дизел автомобил е нешто пониска. Од друга страна единствениот спас за производителите на автомобилите се „електричните и хибридни возила“ кои стануваат начин за одговор за смалувањето на емисијата на штетни гасови.

Довербата кон дизелот почна да се ниша во 2015 година кога Volkswagen ги опреми своите дизел автомобили со уреди кои мамат на тестовите на емисија на штетни гасови.
Оттогаш продажбата на дизел возилата почна да паѓа, а за споредба во мај продажбата паднала за 23,6 проценти во споредба со истиот месец во 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK