Доволно за Гинис: При едно возење го снимале 32 радар камери

ОБЈАВЕНО НА:

Возач на BMW Seris 7 заслужува место во Гинисовата книга на рекорди, но за него би требало да биде измислено ново поглавје во кој сериозно би се преиспитувала и состојбата на умот. Камерите за надзор на брзината го снимиле дури 32 пати на релацијата во близина на англискиот град Stoke-on-Trent (во Централна Англија).

Возачот не само што возел по автопатот М6 со просечна брзина од 134 км/ч при густа магла туку возел и пребрзо на места каде што се работи на патот, каде што има поставено знаци за возење со помала ограничена брзина. После сè го има запрено полицијата, и може да се претпостави, последиците се страшни.

Покрај паричната казна морал да се соочи и со најмалку 96 казнени поени. Во Велика Британија забраната за возење е активна со акумулирани 12 бодови. Полицијата во текот на инспекцијата открила и други прекршоци.

На автомобилот имало две гуми кои се веќе истрошени. Покрај тоа возачот воопшто немал осигурување за автомобилот. Тоа била доволна причина за полицијата да го уапси возачот на лице место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK