Претседателот на САД, Доналд Трамп и понатаму е во исчекување на својата нова лимузина, Beast, додека и понатаму се вози колата на неговиот претходник. Беше најавено дека ќе добие модернизирана Presidential State Car от Cadillac, но досега тоа не се случи.
Досега на интернет се појавија единствено фотографии од прототипот на автомобилот во кој Трамп би требало да се вози. Колата била видена со маска за време на тестирањата на полигон во Мичиген. Како и CT6 и идниот Beast има катактеристична решетка на ладилникот од Cadillac, а има и вертикални фавори.
Кога ќе се погледне во профил автомобилот многу наликува на моделите од високата класа на Cadillac. Задниот дел, сепак, е поблизу до Rolls-Royce.
Актуелниот Beast однадвор изгледа како лесен автомобил, но практично се работи за тенк на тркала. Оваа машина го превезуваше Барак Обама од 2009 до 2017 година.
Вообичаено техничките детали не се откриваат, а гласините велат дека блиндираниот автомобил ја користи рамката на пикап или на СУВ – веројатно Chevrolet Suburban. Не е познато дали моторот е дизел или бензинец. Шпекулациите одат од огромен бензинец V8 до 6,6 литрен Duramax-дизел.
Според непотврдените информации колата со тежина од 8 тона развива максимална брзина од 97 километри на час и троши 27 литри на 100 километри. NOS-системот би можел да достигне моќност до 1000 коњски сили.
Се вели дека резервоарот е блиндиран, како и прозорците. Располага со одбранбен систем за солзавец, уреди за ноќно гледање, сателитски телефон, достап до интернет… Цената на оваа лимузина веројатно ќе биде над 1 милион американски долари.