Првиот подарок за новиот претседател на САД, Доналд Трамп доаѓа од Едвард Орлов, руски бизнисмен кој е основач на тјунерската компанија Devolro.
Тој му ветил на Трамп дека ќе му подари луксузен СУВ „дијабло“, доколку овој стане претседател на САД.
Моделот што е подготвен како подарок чини 199.000 долари, а се базира на „тојота тундра“ со 4х4 погон, и 5,7 литарски В8 мотор кој има максимални 600 КС.
Каросеријата и шасијата се дополнително засилени, додека „Дијабло“ во однос на класичната „тојота тундра“ ила клиернс за дополнителни седум инча. За илустрација, резервоарот за гориво собира 173 литри.
Devolro има седиште во Мајами, а свои претставништва во Германиј, Монголија, Украина, УАЕ и Русија.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]