Доналд Трамп имал „авантура“ и во автобизнисот – не толку успешна

ОБЈАВЕНО НА:

Малкумина знаат дека новиот 45. претседател на САД, Доналд Трамп во својата бизнис кариера се испробал и во автомобилскиот бизнис. Кон крајот на 80-тите години од минатиот век тој се обидел да создаде супер лускузна лимузина под името Cadillac Trump Golden Series.

Како основа на проектот бил земен седанот Cadillac Deville од 1988 година кој бил доработен во тјуниг ателјето на Dillinger Coach Works. Моделот навистин абил луксузен зашто има позлетена пред решетка на ладилникот и со покрив што се спушта.

Внатрешноста била со кожа, апликациите внатре биле со скапи дрвени делови и насекаде било испишано логото Cadillac Trump. Се нудел со доплата и со вграден мни бар, телевзор со видеомагнетофон и телефон. Се монтирале дури и факс машини и машина за умножување на документи. Патничкиот дел од возачот бил одделен со преграда.

Цената на Cadillac Trump била 80.000 долари, а Доналд Трамп планирал д апроизведе 50 лимузини, но и д апонуди поевтин аваријанта – Trump Executive Series. Планот бил осуетен по банкротот на Трамп. Успеал да направи само два модели Cadillac Trump Golden Series, а еден од нив му подарил на татко си.

trump02

Следете не и на:

24AUTO NETWORK