Доказ дека Peugeot e квалитетен бренд: Ова 307 SW мина милион километри без проблем

ОБЈАВЕНО НА:

Често читаме за јапонски и корејски модели како без проблеми минуваат милион километри без проблеми, но иста така квалитетни возила доаѓаат и од Европа. Француските брендови важат за долговечни, а Peugeot сигурно се гордее со многу свои претходни модели кои направиле рекордни дистанци.
Сепак вистина е дека автомобилите имаат ограничен век на употреба, но исто така е точно дека е можно да се продолжи со правилно одржување, во периодите официјално определени од производителот.

Еве добар пример, што го покажа возачот и сопственик на Peugeot 307 SW. На 27 мај, тој пристигна во музејот на Peugeot со 999.999 километри на неговиот одометар.

Моделот Peugeot 307 SW е произведен на 16 јуни 2006 година, пред речиси 16 години. Оттогаш, тој не престанал да вози и неговиот пат е еквивалент на 25 пати околу светот. Брзата пресметка покажува дека овој автомобил просечно поминал нешто повеќе од 66.600 километри годишно, или повеќе од 5.500 километри месечно.

Во изјава за францускиот весник Le Parisien, сопственикот Фабрис Гоме објасни дека моторот 1.6 HDi во неговиот Peugeot 307 SW никогаш не бил променет, дури ни турбополначот!

Автомобилот го купил половно во 2007 година, кога на километражата имал само 6.000 километри (тогаш вредел околу 20.000 евра). Вработен во фабриката каде што се произведува неговиот „307“ во Монбелијар го предизвикал да вози уште еден милион километри.

Фабрис Гоме одбил, верувајќи дека неговиот автомобил е на „издишување“: „Веќе се плашев дека ќе пукне во последните 300 километри, па со милион… Мислам дека е блиску до пензија“.

Додека моторот никогаш не е сменет, менувачот (со околу 600.000 километри) и спојката се заменети само еднаш. Претворен во колекционерски модел, автомобилот на Фабрис Гоме е доставен до работилниците на Peugeot за да го проучат и „да разберат како е возможна таква долговечност“.

Неговото Peugeot 307 лани во март успешно го поминал техничкиот преглед. Тајната? Одржување! За негова несреќа, како што е вообичаено кај некои производители, тој не добил на подарок сосема ново Peugeot 308.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK