Дојде потврда – Alfa Romeo и Lancia најмногу ќе профитираат од Stellantis

ОБЈАВЕНО НА:

Она што на неколку наврати се пишуваше низ специјализираните медиуми за автомобилизам доби на уште една потврда – Alfa Romeo и Lancia ќе бидат двата бренда кои најмногу ќе профитираат од новоформиранта компанија Stellantis.

Ова го потврди претседателот на компанијата и член на семејството Ањели кое преку Exor е најголем сопственик, Џон Елкан. Тој прашан за тоа каква улога ќе има Торино, градот на FCA, во новоформираната компанија, тој одговори дека да се биде дел од оваа голема група е единствена корист за италијанските брендови, Alfa Romeo и Lancia, пренесува Ројтерс.

Тој во изјавата за медиумите додаде дека во FCA немале доволно ресурси за инвестирање во Alfa Romeo и Lancia, па според него, во Stellantis, ќе има многу повеќе ресурси за инвестирање во овие два бренда отколку претходно.

Под капата на Stellantis има вкупно 14 брендови, а според последните производствени, продажни и финансиски перформанси, оваа компанија е четврти најголем авто производител во светот. Со новата стратегија, Alfa Romeo, Lancia и DS ќе прераснат во премиум брендови и треба да генерираат далеку поголема продажба отколку претходните години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK