Дојде Ford Mach E – инспириран од Mustang со 465 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Ford и официјално во Лос Анџелес го претстави новиот модел Mach Е – електрично SUV возило инспирирано од Ford Mustang.

Станува збор за купе кросовер изграден на новата C2 платформа. Спортскиот карактер може да се забележи по задните светла кои се слични како и кај моделот Mustang и малку повеќе изменетиот преден дел.

Задржувајќи се кон високите спортски перформанси, ова возило доаѓа со литиумско-јонска батерија од 75,7 и 98,8 kWh, а во зависност од батеријата ќе биде достапен со 259 КС, 286 КС, 338 КС и 465 КС. Исто така во понудата ќе дојде и со погона на предните, но и сите четири тркала.

Ford Mustang Mach E

Mach E со најдобри перформанси овозможува и до 483 км автономија со едно полнење на батеријата, а најавено е дека 80% од капацитетот на батеријата се полни за 38 минути.

Ford Mustang Mach E

Во внатрешноста доминираат двата екрани. Тука е 10,2 инчната дигитална инструментална табла и 15,5 инчниот екран на инфотејнмент системот. Производителот ја потенцираше комфорноста и пространоста така што потврди дека багажниот простор има капацитет од 821 литри односно 1.688 литри со спуштена задна клупа.

Ford Mustang Mach E

Во производство и продажба влегува следната година, а почетата цена во САД ќе изнесува 43.895 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK