Дојде електричниот Fiat 500 во Македонија – комерцијалната продажба почнува в година

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот 500, првиот целосно електричен автомобил на Fiat, пристигна во салонот на Аутомобиле СК во Скопје. Станува збор за еден примерок во кабриолет изведба кој ќе се користи за потребите на компанијата.

Официјална комерцијализација на електричниот 500, на нашиот пазар се очекува да започне во текот на следната година.

Новиот Fiat 500 е опремен со системот за брзо полнење од 85 kW што овозможува да се наполни батеријата за многу кратко време. Автономијата на новиот Fiat 500 е до 320 km со циклусот WLTP, благодарение на батериите Lithium-Ion кои имаат капацитет од 42kWh. Електричниот Fiat 500 е опремен и со новиот систем за информирање и забава од петтата генерација UConnect 5, поврзана платформа направена за иднината, на располагање со екран на допир од 10,25’’.

Новиот 500 е опремен со „Напредни системи за помош на возачот“ кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно, како и првиот автомобил во неговиот сегмент што е опремен со автономно возење на ниво 2.

Понудата на тековниот модел Fiat 500 на домашниот пазар со бензински мотор 1.2 69 КС и хибриден мотор од 70 KC оваа пролет ќе биде на располагање, освежена со пет нови пакети на опрема, нови бои и нов ентериер: Cult, Connect, Dolcevita, Cross и Sport.

Целосно обновената понуда за Fiat 500 несомнено ќе одговори на сите потреби и желби на идните купувачи.

Соопштение на Аутомобиле СК

Следете не и на:

24AUTO NETWORK