Dodge Challenger во SUV изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Challenger е најпопуларниот модел на брендот Dodge, а во САД се повеќе и повеќе се популарни SUV возилата. Во таа насока на интернет се појави и рендер од можниот изглед на SUV изведбата на Challenger.

Од рендерот може да се види дека SUV изведбата во целост е идентична како и екстериерот на основната изведба.

Но од FCA во чиј рамки функционира овој бренд немаат план за лансирање на SUV изведбата иако ги имаат сите потребни ресурси (теренската технологија на JEEP). Ова претходно неколку пати го потенцираа од италијанско-американскиот производител кој во последните неколку години и не посветува големо внимание на овој бренд.

Рендерот го објави рускиот сајт Колеса од каде пишуваат и дека би било одлично доколку во иднина копјата ги вкрстат SUV изведбите на Dodge Challenger и Ford Mustang, старите добри (не)пријатаели.

Секако, и ние сметаме дека тоа би бил возбудлив двобој, на сите полиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK