Додека Volkswagen и BMW губат – Porsche заработува по 10.000 евра од секој автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Последно спроведеното истражување кое го опфаќа бројот на продадени автомобили и вкупните приходи и профити, ги открива профитите и загубите на производителите од секое произведено односно продадено возило.

Така истражувањето спроведено во Германија покажува дека најголемиот германски производител, Volkswagen од секој продаден автомобил губи по 415 евра.

Во негатива е и Mercedes кој губи под 600 евра од секој продаден автомобил додека пак BMW губи по неверојатни 1.100 евра. Очекувано, трендот на заработка го задржува и Toyota која оваа година од секој продаден автомобил заработува по 533 евра.

Од друга страна, германската чест ја брани Porsche кој заработува рамно 10.000 евра од секој продаден автомобил, покажува истражувањето спроведено од страна на Фердинанд Дуденхофер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK