Lexus направи јахта од 3,5 милиони долари (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Не само луксузни возила, јапонскиот производител Lexus произведува и ултра луксузни јахти. Една таква јахта е моделот LY 650 која е развиена врз основа на концептот прикажан во јануари 2017 година.

Стилска, со одлична комфорност, пространост и луксузен ентериер, тоа е она што може да се види на прв поглед на видеото објавено од страна на Lexus. Дизајнирана е од страна на Nuvolari Lenard, италијанско студио специјализирано за дизајнирање на јахти.

Оттука доаѓаат и впечатливите италијански дизајнерски елементи кои се комбинирани со напредна јапонска технологија. Во кабината се наоѓаат две капетански седишта, софа, тросед. Тука е и тоалетот со туш.

Со оваа јахта доаѓа и напредната технологија за поврзување која овозможува споделување на најразлични информации околу движењето и функции на јахтата. Патниците имаат можност самостојно, преку своите смарт уреди да управуваат со одредени функции на јахтата како што е греењето и ладењето.

Одличните перформанси за крстарење доаѓаат и од двојниот Volvo Penta IPS мотор кој продуцира вкупно 2.700 КС. Капацитетот на резервоарите изнесува 4.012 литри што овозможува незаборавни долги крстарења.

Должината на оваа јахта изнесува 19.94 метри додека цената изнесува 3,5 милиони американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK