ДОБРО Е ДА ЗНАЕТЕ: Паркирајте на сонце -горештината во внатрешноста ги „убива“ вирусите

ОБЈАВЕНО НА:

При паркирањето на автомобилите на сонце се добива дејство кое е како вештачка дезинфекција на салонот на автомобилот. Ова беше објавено од страна на научниците од Универзитетот во Џорџија. Истражувачите утврдиле и колку време е неопходно да се деконтаминира внатрешноста на различни температури.

Коронавирусот се задржува долго време на површината. Во случај на пластика и нерѓосувачки челик, инфекцијата може да се задржи и до три дена. Колку е повисока температурата толку побрзо се убиваат вирусите.

Ако во внатрешноста на автомобилот температурате е 22 степени, инфекцијата преживува уште едно деноноќиое. Зголемувањето на температурата до 55 степени убива 99,99 проценти од вирусите за дваесетина минути, а 65 степени ги требат вирусите за само пет секунди. За да се загрее внатрешноста до тој степен, сепак, автомобилот треба да стои на сонце околу еден час при надворешна температура од 27степени.

Сонцето ја дезинфицира не само внатрешноста на автомобилот, туку и други работи, кои се оставени во автомобилот. Според научниците од Универзитетот во Џорџија методот работи и медицинските маски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK