Добро е да се знае: Каде и колку чинат вињетките во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на патиштата во Европа во некои земји се наплаќа со поставување на станици, односно патарини, но некаде тоа е регулирано со вињетки. Тоа се стикери кои се добиваат на влез на секоја земја и треба јасно да бидат залепени (истакнати) на предното стакло на возилото. Доколку заборавите или не сакате да платите за вињетка се соочувате со големи казни.

Во нашето опкружување само во Бугарија се користат вињетки што се купуваат на самата граница, односно на поголемите бензински пумпи. Во другите земји, Грција и Србија се плаќа патарина на одредени делници, а нема патарина само во Албанија. Од европските земји само во Албанија, Белгија, Данска, Црна Гора, Естонија, Финска, Германија, Летонија и Литванија не се плаќа патарина за користење на автопатиштата.

Патарина пак се плаќа во Франција, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Шпанија, турција, В.британија, Грција, Ирска и Италија.
Во Шведска вињетки за патнички возила е воведена од февруари 2015 година, за патиштата околу најголемите градови (Гетеборг, Малме и Стокхолм). цената е околу 6,4 евра, а ги наплатува транспортна агенција на одредено подрачје со испраќање на сметка на домашна адреса.

Еве во кои земји се плаќаат вињетки колку тие чинат:
Австрија (во евра)
мотоцикли – 5,1 (10 дена) – 13,00 (2 месеци) – 34,40 (година)
автомобили до 3,5 тона – 8,90 (10 дена) – 25,90 (2 месеци) – 86,40 (година)

Бугарија (во евра)
возила до 3,5 тона – 8 (7 дена), 15 (1 месец) – 50 (година)
возила до 12 т. со повеќе од 8 седишта – 11 (1 ден), 27 (7 дена), 54 (1 месец), 537 (година)
возила над 12 тона (ЕУРО 3, 4, 5 и повеќе) – 11 (1 ден), 34 (7 дена), 69 (месечна) – 685 (годишна)

Чешка (во евра)
патнички возила до 3,5 то со или без приколка – 11,5 (10 дена), 16 (1 месец), 52 (годишна)

Словачка (во евра)
Патнички возила до 3,5 тона и преку 3,5 тона (максимум 9 седишта) – 10 (10 дена), 14 (1 месец), 50 (годишна)

Унгарија (во унгарски форинти)
Мотоцикли – 1.470 (10 дена)
Возила до 3,5 тона (до 7 патници) – 2.975 (10 дена), 4.780 (1 месец) – 42.980 (година)
Возила до 3,5 тона (над 7 патници) – 5.950 (10 дена) – 9.560 (1 месец) – 42.980 (година)
Кампери до 3,4 тона – 5.950 (10 дена) – 9.560 (1 месец) – 42.980 (година)

Романија ( во евра)
Патнички возила до 3,5 тона – 3 (7 дена), 7 (1 месец), 13 (90 дена), 28 (година)
Товарни возила до 3,5 тона – 6 (7 дена), 16 (1 месец) – 36 (90 дена), 96 (година)

Словенија (во евра)
Мотоцикли – 7,5 (7 дена) – 30 (6 месеци) – 55 (година)
возила до 1,3 метри висина, до 3,5 тона – 15 (7 дена), 30 (1 месец) – 110 (година)
возила преку 1,3 метри, до 3,5 тона – 30 (7 дена), 60 (1 месец) – 220 (година)

Швајцарија – (во евра)
Патнички возила до 3,5 тона – 33 (година)

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK