Добри резултати: За седум месеци продадени 55,8 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата LMC Automotive објави информации за продажбата на новите лесни возила во текот на првите седум месеци од годината и според нив реализацијата во периодот достигнала ниво од 55.803.060 возила. Резултатот е со 3,3% подобар во споредба со минатата година, а само во јули биле купени 7.499.803 возила (+1,9%).

Податоците од LMC Automotive велат дека продажбите на територијата на Западна и Источна Европа од почетокот на годината се подобриле за 3% и 8,6% до ниво од 10.279.054 и 2.489.447 единици.

Со намалувањето во јули од 3% до 1. 369.072 нови возила, САД запишува пораст од 1.4% до 9.974.339 автомобили на крајот од првите седум месеци во 2018 година. Со подобрувањето од 3,5% во јули до 437.119 единици, во Јапонија се забележува пад во периодот јануари-јули од 1,1% до 3.132.700 автомобили.

Според податоците на LMC Automotive, во јули во Кина се отчитува пад во побарувачката на нови лесни автомобили, а како резултат се 1.886.011 возила или пад од 3,1% во однос на минатогодишното постигнување. Зголемувањето од 3,8% до 15.672.046 единици е регистрирано на крајот од првите седум месеци во оваа година.

Бројките од пазарното претставување на Бразил и Аргентина се навистина завидни. Забележан е пораст од 6,6% што е еднакво на 272.802 автомобили во изминатиот месец и +11,7% до 1.875.931 единици од почетокот на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK