Добра вест: FCA и PSA нема да жртвуват ниту еден бренд после спојувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Здружувањето на двата автомобилски гиганти отвори многу прашања, а едно од најчестите е кои брендови се во опасност за да бидат укинати? Сепак, нема опасности за ниту еден од брендовите, па фановите на одредени брендови може да здивнат бидејќи барем засега нема да има згаснување.

Според зборовите на Карлос Тавареш, кој ќе биде извршен директор на новонастанатата автомобилска групација „најголемиот нематеријален имот на автокомпаниите FCA и PSA се нивните брендови“.

„Брендовите носат страст, историја и емоции со себе. Тоа е причината поради која сметаме дека ќе опстанат во матичните земји. Италијански брендови ќе останат во Италија, француските во Франција, американските во САД, а германските во Германија“, вели Тавареш.

FCA и PSA тоа го повторија и во новото соопштение во кое наведоа дека новосоздадениот бизнис субјект ќе има „широка понуда на етаблирани и иконски брендови кои ќе ги понудат најдобрите производи во класата и кои ги покриваат клучните сегменти на пазарот на автомобили“.

Двата произведувачи додадоа дека имаат комплетно портфолио на брендови кои ја покриваат луксузната и „мејнстрим“ класа од патнички до комерцијални автомобили. Иако FCA во голема мера се потпира на САД, сепак, компаниите наведоа дека спојувањето ќе обезбеди „многу поголема географска рамнотежа“ бидејќи околу 46% од приходите доаѓаат од Европа, додека 43% ќе бидат од Северна Америка.

Како што е наведено, FCA и PSA малку се преклопуваат со производите, а FIAT е (во рамки на FCA) доста застапен во Европа, додека Lancia уште се одржува во живот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK