Добра или лоша вест: Ќе се намалуваат казните за сообраќајни прекршоци!

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија важи за една од земјите во регионот што има високи казни за сообраќајни прекршоци. Она што сега во воведуваат нашите соседи и промовираат драконски казни, во нашата земја ќе се слушува обратен процес. Најавено е намалување на казните.

На граѓанска трибина во Кичево, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека наскоро ќе следува намалување на казните за сите сообраќајни прекршоци.

„Продолжуваме со политиките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и помали трошоци. По намалување на казните за правни и физички лица, задоволство ми е што овде во Кичево можам да најавам дека во следниот период ќе поднесеме предлог за измена на законските одредби со што значително ќе се намалат казните за сите сообраќајни прекршоци, порачал Спасовски пред присутните.

Сега прашање е колку оваа мерка ќе придонесе до намалување на сообраќајните прекршоци, и дали со оваа мерка во предност ќе бидат побогатите кои ќе можат да си дозволат да не ги почитуваат правилата и по цена да платат казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK