Интересна и несекојдневна вест доаѓа од Турција – казнет поради тоа што продавал лубеници од багажникот на Lamborghini.
Голем интерес предизвика што тој за продажбата на лубеници го користел предниот багажен простор на Lamborghini Aventador опремен со V12 мотор со 700 КС кој може до стотка да забрза за помалку од три секунди, а максималната брзина која ја постигнува изнесува 350 км/ч.
Како што пренесува турскиот весник Hurriyet Daily News, полицијата во Истанбул го казнила познатиот ирански блогер со 1.228 лири, но и со 15 дневно одземање на возачката дозвола.
Без разлика на тоа од каде се продава луѓето ги интересира да купат квалитетен и евтин бостан..