Доби 75 пати поголема казна затоа што покажа среден прст на полициска камера (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возач во Германија доби неверојатна казна. Возејќи по автопат тој ја пречекорил брзината за 11 км/ч, но наместо казна од 20 евра добил цех од дури 1.500 евра.

Причината за оваа голема казна е тоа што тој на полициската камера и покажал среден прст па надлежната полиција во Оберфранкен веднаш го пријавила случајот. Неименуваниот возач пак, веднаш бил пратен на суд во Кулумбах каде судот експресно му ја изрече оваа казна.

Германија, но и околните земји како Франција и Австрија се безкомпромисни кога е во прашање сообраќајната дисциплина. При тоа ова е е ниту прв ваков случај во кој полицијата нема милост ниту за “шалата” на возачот на ова BMW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK