Доаѓаат електрични Peugeot 208, 2008 и DS 3 Crossback

ОБЈАВЕНО НА:

PSA групацијата подготвува мала офанзива на полето на електрификацијата на моделите. Во текот на 2019 година доаѓаат два нови електрични модели базирани на постоечките модели Peugeot 208 и DS 3 Crossback. Во 2020 година опција на батерии ќе добие и моделот Peugeot 2008.

Овие информации PSA им ги кажала на инвеститорите околу идната развојна стратегија на возилата. Според информациите што им биле презентирани, прв модел што на пазарот ќе биде понудел како електрично возило треба да биде Peugeot 208, најпродаваниот модел. Моделот би требало да има досег од околу 300 км. слично на конкурентниот Renault Zoe.

Во првата половина на 2019 ќе се појави ид варојанта на струја и на DS 3 Crossback, замената на DS 3 субкомпакт. Во меѓувреме групацијата ќе продолжи со проширување на својата плаг-ин хибридна гама што ќе вклучува макар три СУВ возила на истата платформа, и тоа DS 7 Crossback, Peugeot 5008 и Citroen C5 Aircross.

Според Карлос Таварес, главниот извршен директор на PSA, дури 80 отсто од моделите на компанијата ќе имаа електрична варијанта до 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK