петок, 26 март, 2026 година

Доаѓа в година: Нов рендер за Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Иако веќе подолго време се шпекулираше дека новата генерација од Peugeot 208 ќе биде премиерно претставена на саемот во Париз, сепак премиера повеќе од сигурно е дека ќе се реализира во текот на следната година.

Сепак тоа не е причина да бројни вљубеници во автомобилизмот, особено во францускиот бренд да не лансираат нови рендери околу можниот изглед на овој автомобил. Така на интернет се појави нов рендер кој го покажува можниот изглед на овој автомобил.

- Advertisement -

Од рендерот може да се открие дека новата 208 во целост ја има дизајнерската филозофија применета кај Peugeot 508 кој премиерно беше претставен на овогодинешниот саем во Женева.

Peugeot 208

Така, идентични се предните и задните LED светла како и неколку други елементи како што е предната решетка кај ладилникот, и задниот долен дел околу издувните отвори. Во внатрешноста повеќе од сигурно е дека ќе бидат преземени и неколку ентериерни детали од Peugeot 508, а оваа генерација на Peugeot 208 за разлика од претходната доаѓа и со најновата генерација на инфотејнмент на Peugeot.

За прв пат на пазарот 208 на Peugeot се појавува во 2012 година откако претходно беше премиерно претставена на саемот за автомобили во Женева. Во својот сегмент Peugeot 208 важи за еден од најпродаваните автомобили, а со новата генерација Peugeot цели кон врвот на овој сегмент.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја