Утре доаѓа новиот Golf – еве интересни детали

ОБЈАВЕНО НА:

Долго очекуваниот модел на Volkswagen – Golf 8 својата светска промоција треба да ја има утре, четврток – 24 октомври на посебна премиера во Германија. Тоа е модел од кој компанијата очекува многу, како според продажба така и според приходите, а Golf 8 се очекува да остане крал во класата која сите ја викаат според него – Голф класа.

Над 35 милиони возила Golf во различни верзии се произведени ширум светот од првата генерација, од кои 26 милиони во фабриката во Волфсбург. Производството на новиот Golf во главната фабрика започна во текот на летото и во моментот е во фаза на завршување. Првите возила ќе бидат во изложбените салони на дилерите во Германија и Австрија на почетокот на декември.

За да се подготват за производство, беа анализирани околу 700 работни чекори на над 400 работилници за да се искористат постојните резерви на ефикасност. Беа спроведени бројни подобрувања во процесот за да се осигура осмата генерација на бестселерот да може да се гради поефикасно од претходникот.

Во Волфсбург на новиот Golf работат 8.400 вработени. Во моделот има над 2.700 индивидуални делови и компоненти. Во Golf има 962 системи со жици и 1.340 метри кабел. Тоа е за 31 систем со жици и нешто помалку од 100 метри кабел повеќе од Golf 7. Почнувајќи со испорака на челичен лим, Golf патува 69 километри на производните линии се додека готовиот автомобил не ја напушти фабриката.

“Golf 8 е многу покомплексен од неговиот претходник. Сепак го намаливме просечно време на производство за околу еден час. Бидејќи Golf 8 припаѓа на втората генерација на MQB производи, постигнавме значително намалување на инвестициите во производството. Процесите на производство станаа поефикасни во целина. Ова е големо достигнување и би сакал да искажам голема благодарност до сите вработени, изјави Андреас Тостман, член на бордот на Volkswagen

Следете не и на:

24AUTO NETWORK