До крајот на годината Toyota Yaris Cross доаѓа во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

До крајот на оваа година во Европа во продажба ќе се појави Yaris Cross, последно најавениот модел на Toyota.

Производството на овој модел е веќе започнато во Канагасаки во Јапонија, а во текот на овој месец ќе бидат испорачани и првите примероци во Австралија. Продажната цена за основното ниво на опременост во Австралија изнесува 16 илјади евра.

Во Европа производството на овој модел ќе се спроведува во фабриката на Toyota Motor во Франција. Цената засега не е позната, а првите први земји во кои ќе се најде овој модел во продажба ќе бидат Франција, Белгија, Холандија и Германија

Инаку овој модел се базира на TNGA-B платформата. Должината изнесува 4,180 мм, ширината 1,765 мм додека пак висината 1,590 мм. Во понудата во Европа ќе биде достапен само со 1,5 литарски бензински мотор во комбинација со хибриден погон.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK