среда, 25 декември, 2025 година

До 400 евра казна ако поминеш низ бензинска без да точиш гориво

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Многу возачи со години имаат навика да користат бензински пумпи како „кратенка“ – да влезат на пумпата, да ја пресечат колоната или раскрсницата и да излезат на другата страна, без воопшто да застанат да точат гориво или да искористат некоја услуга. Истото се случува и кога можете да влезете на некој паркинг за станарите кој е паралелелн со улицата, и потоа да се приклучите само да скратите дел од рутата.

Но, според новите правила во Австрија, ова веќе не е „итар трик“, туку потег што може да чини и до 400 евра.

- Advertisement -

Минувањето низ бензинска пумпа без намера да се наточи гориво или да се користи некоја од услугите повеќе не се толкува како обично поминување, туку како неправилно користење на приватен имот. Иако на многумина им изгледа како дел од патот што „и онака е отворен“, бензинските пумпи имаат статус на приватен посед со јасно дефинирана намена – влез за точење гориво, користење сервис или правилно паркирање според правилата на објектот.

На една бензинска пумпа во Виена, возачите со години ја користеле како брз начин да ја избегнат гужвата на околните раскрсници и семафори. Со тек на време тоа довело до уште поголеми гужви на самата пумпа и отежната услуга за вистинските клиенти. Слична ситуација имало и во зоната околу железничката станица во Виена, каде пумпата долго време служела како практична пречица за возачите заглавени во утринските колони.

Сега таму се поставени јасни ознаки дека преминот без точење гориво или користење услуга се наплаќа, и тоа со износ кој може да достигне и до 400 евра. Целата зона е под надзор, а при влез и излез се евидентираат регистарските таблички на возилата. Доколку системот утврди дека возилото само поминало низ пумпата без да застане, сопственикот на возилото добива известување за плаќање на надомест.

Австриските прописи им даваат право на сопствениците на вакви објекти да ги утврдат условите за користење на нивниот приватен посед. Доколку на возачите однапред им е јасно ставено до знаење кои се правилата, тие се должни да ги почитуваат. Проблемот е што многу луѓе или не знаат дека пумпата е формално приватен имот, или едноставно сметаат дека никој нема да реагира за „само едно поминување“.

Години наназад ваквото однесување во пракса се толерираше, особено во урбаните средини со големи гужви. Но со новите правила толеранцијата полека завршува, а одговорноста на возачите доаѓа во прв план. Пораката е јасна – бензинската пумпа не е краток пат за да се избегне колона, туку место за услуга. Секој што ќе одлучи да ја користи како „кратенка“ сега ризикува да добие сериозна казна.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја