До 2030 година, Амстердам ги уникува возилата со мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Во главниот град на Холандија планираат намалување на емисиите на штетни гасови кои се опасни по здравје односно нивнатa концентрацијаво воздухот. За таа цел веќе се преземаат одредени мерки.

Ако се суди според вестите кои доаѓаат од Амстердам тогаш на бензинците и дизел возилата не им се пишува добро, а истото важи и за хибридните верзии. Прво до 2020 година во целиот град ќе биде забранет пристапот на сите дизел автомобили произведени до 2005 година. Дали тоа ќе предизвика инвазија на VW Golf IV TDI на пазарите на користени автомибили? Никој не може да знае. Холандија е далеку, но со добра цена и одалеченоста се скратува.

Она што следи е уште порадикално. Амстердам од почетокот на 2030 година од промет ќе ги исфрли сите автомобили со мотори со внатрешно согорување. Одлуката е потврдена во градското собрание, а причината велат е од здравствена природа.

Во Амстердам сакаат да ги намалат штетните гасови, а од 2030 година низ градот ќе се возат само велосипеди и електрични автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK