Во последните две години сведоци сме на целосно истиснување на дизелските мотори од понудата, особено во Европа и САД. Високото ниво на загадување на воздухот придонесе многу градови и земји воведат бројни рестрикции поврзани со автомобилите со дизелски агрегати, а сето тоа ги мотивираше автомобилските производители, особено оние јапонските да прекинат со производство на дизел автомобили.
Сепак, не му се пишува добро ниту на бензинот. Холандија, Шведска, Норвешка, Велика Британија, Шпанија, уште претходно ги објавија плановите за рестрикција и на автомобилите со бензински агрегат.
Сепак, првата земја која во целост ќе ги забрани автомобилите кои користат бензин или дизел како гориво ќе биде Ирска, пренесува BBC.
Според планот, од 2030 година на територијата на Ирска нема да може да се продаваат автомобили со дизелски и бензински агрегати. Според овој амбициозен план се очекува до 2050 година да низ улиците во Ирска нема автомобили кои емитираат штетни гасови.