Според германската агенција ДПА, истрагата за мамењето со емисијата на издувни гасови во Volkswagen сега стигна и во Porsche. Истражителите ги „чешлаат“ документите и ги испрашуваат луѓето во Volkswagen и Audi, и во добавувачот Bosch, а истата истрага се проширува во другите делови на VW групацијата.
Истрагата се сомнева во некои неименувани вработени кај производителот на спортски возила, и во филијалата на Porsche во САД. Покрај тоа поради сомневање за измама се истражуваат и казнени дела кои се однесуваат на неовластено рекламирање.
Повеќе детали засега не се објавени, а активностите во оваа насока почнале уште во април годинава.
Досега Porsche не беше во фокусот на интересот кај локалните власти и истражители на аферата Дизелгејт.