Дизајнот на Nissan Leaf е инспириран од авионско крило (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan објави нова скица, анимација и детали за целосно новата генерација на првиот во светот 100 % електричен модел – LEAF, чија премиера треба да се одржи на 6 септември.

Најновите информации за Leaf е поврзана со аеродинамиката на електричниот автомобил, за кој од Nissan коментираат дека е инспирирана од авионско крило. Од компанијата коментираат дека новата генерација на моделот ќе се одликува со оптимизиран отпор на воздухот, што ќе гарантира уште подобри резултати во однос на потрошувачката на енергија и соодветно поголем досега на возење.

Од Nissan споделуваат и дека новата генерација на LEAF ќе биде пониско поставена на патот, што ќе гарантира подобра стабилност при возење со голема брзина.

Со моделот Leaf, Nissan е глобален лидер, земајќи ја предвид продажбата на повеќе од 277.000 единици на електричниот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK