Заедно со почетокот на продажбата на новиот модел на BMW во светот, истовремено и на македонските купувачи ќе им биде достапна серија 5. Почетокот на продажабата е на 5 февруари, а увозникот за BMW за Македонија и Косово, компанијата M кар ја претстави седмата генерација на возилото.
Светската премиера на серија 5 беше на саемот во Детроит на почетокот на годинава. Од самиот почеток достапни се моделите BMW 530i и BMW 540i со нови бензински мотори, BMW 520d и BMW 530d со нови дизел мотори како и 530е, М550i.
Седмата генерација BMW Серија 5 важи за еден од најиновативните и најпрогресивните автомобили во светот. Софистициран, лесен и аеродинамичен, со луксузен екстериер и ентериер, автомобил наменет за успешни, деловни луѓе кои ја сакаат страста и динамичниот живот, со високи стандарди кои ретко кој друг автомобил во неговата класа може да ги задоволи.
Новиот BMW Серија 5 е најпрогресивниот премиум спортски бизнис седан. Токму затоа го нарекуваат вистински Бизнис Атлет.
Седмата генерација BMW Серија 5 ги има сите алатки потребни да се продолжи со извонредниот успех постигнат со неговите претходници. Досега се продадени 7,6 милиони BMW Серија 5 автомобили, од првите шест генерации, а само предходната генерација F10, е продадена во импресивни 2,4 милиони автомобили, со што значително се одвојува од своите најголеми конкуренти. Новиот миленик, BMW Серија 5 има импресивна аеродинамика со коефициент на отпор на воздух од само 0,22, прецизен дизајн се до најмалите детали кои допринесуваат за динамичен изглед и спортски дух до совршенство. Во него се вградени иновативни, дигитални можности кои го прават автомобилот мобилна канцеларија од висока класа. Има дисплеј со широк спектар на бои кои овозможува јасна прегледност и дефинирано задоволство при возењето со прогресивен Driver Assistance System за помош на возачот. Автомобилот располага со персонализирани содржини за динамична интеракција, преку екран на допир, гласовен асистент и сензор за препознавање на движењата. Во однос на неговиот предходник, автомобилот има намалена потрошувачка до 12%, фасцинатна моќност на моторот и намалена телесна тежина до 100 кг, за ултимативно атлетско движење што овозможува подобрено управување и уште поголема агилност на патиштата.
Го карактеризира дополнително зајакната динамика, непобедлив line-up систем за помош на возачот, неспоредлив степен на поврзаност и иновативен оперативен систем. Со интуитивна практичност и богата удобност, автомобилот има зголемена функционалност, безедност и бројни “Едноставно Умни” идеи кои овозможуваат напредна врска меѓу човекот, машината и животната средина.
Фотографија: Орце Поповски