Националниот совет на дилери на Stellantis во САД смета дека шефот на компанијата, Карлос Тавареш го води концернот до катастрофа, а американските брендови се во опасност да исчезнат.
Како што објави Motor1, Националниот совет за дилери на Stellantis во САД испратил отворено писмо до Тавареш во кое го обвинува за лошо управување со компанијата. Покрај тоа, на дилерите не им се допаѓа и тоа што шефот на концернот минатата година заработил речиси 40 милиони долари.
Таварес беше критикуван и за предизвикување на „брза деградација“ на Jeep, Ram, Dodge и Chrysler. Овa е поткрепенo со факти и e апсолутно вистинитo, бидејќи во првата половина на 2024 година, продажбата на Jeep паднала за 9%, на Ram за 26%, на Chrysler за 8%, додека бројките на Dodge паднаа за 16%.
Писмото од 10 септември е достапно во PDF формат. Stellantis застана во одбрана на Тавареш, велејќи дека тој „не верува дека јавните лични напади се најефективниот начин за решавање на проблемите“.
Националниот совет за дилери на Stellantis во САД вели дека ова не се лични напади, туку реална ситуација и дека е „вклучен алармот“ на извршниот тим на концернот повеќе од две години. Тие го обвинуваат извршниот директор дека поставил курс кој „долгорочно ќе биде катастрофа, а сега дојде таа катастрофа“.