Дилема: Дали да купите евтини или скапи зимски гуми? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Евтини и буџетни или скапи и премиум гуми – ова е вечната дилема која си ја поставуваме при купувањето на гуми. Многумина од нас ја одбираат првата опција, што поради ограничениот буџет што поради она “сите гуми се исти”.

Од 15 ноември морате да имате зимска опрема во возилото, што подразбира зимски гуми, или пак летни гуми си минимална длабина на шарата од 4 мм. плус ланци. Но, се повеќе луѓе се решаваат да користат зимски гуми. Некои размислуваат само на тоа да имаат зимски гуми, а други сакаат и квалитет.

Постои размилсување дека доволно е само да имате зимски гуми. Но дали е тоа така? Дали сите гуми се “исти”?

Нормално дека не. Премиум гумите имаат навистина премиум квалитет. Почнувајќи од самиот производствен процес па се до композицијата на материјалите кои се користат, овие гуми имаат севкупно подобри перформанси во сите аспекти во поглед на оние, буџетните.

На видеото во продолжение е направена споредба помеѓу буџетните и премиум зимските гуми и како тие се однесуваат во одредени ситуации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK