Џонсон Мети ги објави полугодишните финасиските резултати во кои се вметнати и активностите во автомобилската индустрија. Во обраќање на Роберт МекЛеод, извршен директор на Џонсон Мети се вели дека „активностите со автомобилите и другите клучни пазари е подобрена од почетокот на пандемијата КОВИД-19 и се очекува материјално посилна втора половина во споредба со првата половина на оваа година“.
Според него “патот на закрепнување останува неизвесен и не обезбедуваме квантитативен водич за групацијата во целина, за годината што завршува на 31-ви март 2021 година. Земајќи го предвид падот на пазарот, перформансите на групацијата и важноста на дивидендите за акционерите, одборот одобри привремена дивиденда од 20 пени по акција“.
Џонсон Мети е британска мултинационална специјализирана компанија за хемикалии и одржливи технологии со седиште во Велика Британија, а свој погон има и во Македонија каде се произведуваат катализатори за контролата на емисиите на гасовите од автомобилите и производител на автомобилски делови.
Полугодишните резултати заклучно со септември покажуваат дека приходите се зголемени за 2 отсто како резултат на повисоките просечни цени на благородните метали. Оперативната добивка е намалена за 74% поради помалата побарувачка на „Чист воздух“ и големите трошоци за оштетување и преструктуирање од 78 милиони фунти.
Целосниот извештај може да го погледнете на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2020/half-year-results-for-the-six-months-ended-30th-september-2020