Македонскиот возач во TCR Europe, Виктор Давидовски ја почна својата седма сезона со бодови и освојување на осмото место напрвата трка возена на патеката Валелунга во Италија. Тој му донесе 15 бодови на својот тим на трката, а неговиот клупски колега Франко Џиролами беше најдобар со триумф од стартот до целта.
Двајцата возачи сезонава се зад управувачот на CUPRA Leon VZ TCR, и возат за тимот на Monlau Motorsport.
Франко Џиролами ја претвори пол-позицијата во победа a шпанскиот бренд имаше 1-2 триумф, со Аурелиен Комте кој беше на второто место во неговотот возило со тимот на SP Compétition. Разликата меѓу Џиромали и Комте беше само 1,489 секунди. На пиедесталот имаше двајца Аргентинци, бидејќи третото место го освои Игнасио Монтенегро.
Нашиот Виктор Давидовски тргна од осмата позиција, и се проби на седмата, а неколку кругови беше и место повисоко, како шесто пласиран. Во последната третина од трката, тој не го издржа темпото, па дозволи на падне едно место, а потоа на еден свиок влезе малку пошироко отворајќи му простор на Душан Борковиќ да го престигне. На целта стигна како осмопласиран, од истото место од каде и тргна на трката.
Втората трка на Валелунга се вози утре (недела) во 15,15 часот.
Првата трка можете да ја погледнете тука: