Џереми Кларксон го избра најдобриот автомобил за годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот авто критичар, британецот Џереми Кларксон го избра најдобриот автомобил за оваа, 2018 година. Според него, епитетот на “Најдобар” за оваа година го доби Lamborghini Huracan. Овој спортски италијански автомобил ги собра симпатиите на Кларксон пред Porsche 911 GT2 RS и Lamborghini Aventador SVJ.

Наградата Кларксон ја додели врз основа на тестирањето во Нирбургринг како и останати параметри како што се екстериерен и ентериерен дизајн, квалитет во изработката, моќност на моторот и слично.

“Во прашање е автомобил кој привлекува повеќе од било кој друг. Влегуваш во него и не знаеш зошто ти доаѓаат изгли на задниот дел од главата, но едноставно кажуваш – ова е добар автомобил” изјави Кларксон.

На свечена церемонија во Лондон, наградата во име на Lamborghini ја прими Маурицио Раџани кој го изрази своето задоволство во поглед на оваа награда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK