Голема врева се дигна околу холивудскиот случај на Харви Венстејн, популарниот холивудски продуцент кој беше обвинет за сексуално вознемирување по што тргна лавината на промени и меѓу другото на авто салоните веќе немаше атрактивни хостеси.
На саемите на автомобили покрај скапите, ексклузивни и убави возила секогаш секогапш стоеле и девојки кои уште повеќе го привлекуваа вниманието на новинарите и публиката. Понекогаш и провокативно облечени, но сѐ со цел штадот и моделот да добие поголема медиумска популарност.
Овојпат во Женева имаше девојки, само што тие беа „културно облечени“ и без многу повикација. Дури и италијанските брендови кои традиционално ангажираат познати и атрактивни модели сега се решија за конвенционален изглед. На штандовите на fiat, Jeep, Alfa Romeo хостесите се облечени во сакоа, а кај Lamborghini и воопшто нема хостеси.
Но, секако неможе да се мине без убави девојки.
Убавината не е секогаш во облеката…