Девет правила при купување на користен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите кои имаат стаж знаат што треба да гледаат при избор на возило од втора рака. На почетокот возачите дури и не се сомневаат во можните проблеми кои го кријат таквото купување.

Но следењето на овие правила може да ви заштеди доста средства после договорот со продавачот.

  1. Избирајте само автомобили кои можете да ги одржувате

Предизвикот од сјајно и моќно возило, за кое сте сонувале целиот живот може да биде неодоливо, но факторot за одржување треба да ве одврати од ова. Ако платата не ви е висока, не купувајте модел од висока класа бидејќи сите пари ќе ви отидат за него – за гориво, ремонт и данок. Освен доколку не сте од луѓето, кои би се лишиле во името на тоа да возат премиум автомобил…

2.Додадете 15% кон цената за ремонт, услуги и други трошоци

Друга популарна грешка на купувачите е да одделат определена сума и да ја надминат за поскап автомобил. Логиката е дека што чини повеќе, значи е и подобра. Може да се позајми од роднини и од пријатели, а после тоа се направени дополнителни трошоци за дијагностика, поправки и потрошни материјали… Поскапото не значи дека е секогаш и подобро.

3. Не дозволувајте да ве измамат реклами со очигледно ниска цена

Евтиното исто така може да служи како мамка. Ако чини драстично помалку од просекот за конкретниот бренд и модел, со автомобилот веројатно не што не е вред. Споредете ја цената на саканиот автомобил со слични понуди. Значителни отстапувања зборуваат за потенцијални проблеми.

4. Барајте приватени продавачи

Начинот на кој рекламата е направена може да ви даде насоки околу тоа кој го продава автомобилот. Кога купувате од приватен продавач можете да се спасите, исто така договарањето е полесно. Можете да дознаете повеќе за слабите места на возилото и за историјата на поправките.

5. Побарајте документи

Не брзајте со давањето на парите пред да погледнете сè убаво. Доколку во графата „сопственик“ го пишува името на човекот кој го продава автомобилите бидете вниманителни. Препорачливо е да се провери дали возилото е приклучено. Немојте да бидете доверливи и побарајте го VIN бројот за да можете да направите проверка пред да решите дали вреди да се посети.

6.Задолжително проверете го автомобилот во сервис

Ако автомобилот веќе ви се допаднал тогаш не брзајте. Многумина ја игнорираат проверката во сервис, но подоцна ви се потребни сериозни средства за поправки. Доколку продавачот е заинтересиран за зделката, никогаш нема да се откаже. Изберете сервис, кој го познавате, а квалификацијата на механичарите не ви буди сомнеж. Ако за време на пробното возење сте забележале нешто чудно тогаш пријавете го тоа кај мајсторот.

7.Прашајте го продавачот

Пред да се договорите за средба, обидете се да дознаете колку може повеќе детали за возилото по телефон. Кога ќе се видите тогаш зададете ги истите прашања и споредете ги одговорите. Бидете колку е можно поконкретени. Ѓаволот е во деталите и недоследностите се знак за возможни проблеми.

8.Избегнувајте префарбани возила

Новата боја на автомобилите обично ги прикрива дефеките или проблемите од сообраќајните несреќи. Дури ремонтот да изгледа квалитетен, состојбата на автомобилот останува под сомнеж. Ако можете земете со себе човек кој се разбира од тие детали. Ако не познавате таков тогаш најдете си уред за мерење на дебелината на бојата (или во краен случај магнет).

9. Не и верувајте на километражата

Басните за дедото, кој го возел автомобилот само еднаш неделно до црвка се стари колку и трговијата со употребуваните возила. Реалната километража може да се процени според состојбата на воланот, педалите, лостот на рачната сопирачка и други детали. Ако не му верувате на своето знаење, замолете да ви помогне некој кој е запознаен со ова и има око за такви детали. Службеникот за сервисирање исто така нема да се откаже од дополнителни давачки ако го замолите за своето мислење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK