Девет интересни факти за воздушните перничиња (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Постоењето на воздушните перничиња во автомобилите драстично го зголеми процентот на спасени живото во сообраќајни несреќи. Тие се сега задолжителен дел од возилата, не само на предните седишта туку ги има на страниците со цел да се создаде што побезбеден простор во внатрешноста на возилото.

Но, пред извесно време имаше и една афера. Дефектните воздушни перничиња на Takata предизвикаа еден од најголемите скандали во автомобилската индустрија и најголема сервисна кампања во историјата.

Јапонската компанија има огромна заслуги за развојот на технологијата, а таа прва почнува да користи пиропатрони за пумпањето на водушните перничиња место користениот токсичен натриум азид од страна на General Motors, кој после катализа произведува исклучително жежок азот слично како кај ракетните мотори.

Во продолжение можете да прочитате неколку интересни факти за воздушните перничиња.

1.Во првата несреќа меѓу автомобили, опремени со воздушни перничиња, учествуваат два исти Chrysler Lebaron.

Возачите преживуваат, а по иронија на судбината презимињата им се Woody (wood – дрво) и Van Steelant (steel – челик).

2.Првиот автомобил кој се опремува стандардно со две воздушни перничиња е Porsche 944 Turbo од 1987 година.

3.Првиот автомобил кој може да се порача со воздушно перниче за совозачот е Mercury Monterey од 1972 година.

4.Воздушните перничиња на General Motors од 70-те години на минатиот век се толку здрави што децении подоцна американскиот институт за безбедност на патиштата удри директно две возила Chevrolet Impala од онаа епоха. Возилата буквално се распаѓаат, но воздушните перничиња работат без проблеми.

5.Иако е пионер во технологијата, General Motors го запира предлагањето на воздушните перничиња во 1977 година поради слаба побарувачка. Во годините потоа конценрнот и конкурентите од Ford лобираат против плановите на американските власти да ги вклучат воздушните перничиња во задолжителната опрема на новите автомобили со аргумент дека не се практични и соодветни.

6.Историјата на воздушните перничиња на General Motors помни и други моменти. На пример отказите на воздушните перничиња да се активираат поради декфектни патрони на стартерните клучеви. Америкаснкиот концерн има несомнени заслуги за влезот на технологија. Освен што прв почнува да ги предлага воздушните перничиња GM ги развива без прекин и нуди различни новости притоа чувајќи ги патниците од удар меѓу нив.

7.Неподвижниот дел на воланот од прват генерација на Citroen C4 од 2004 година им овозможува на инженерите поголема слобода во изборот на форма на еирбег. Како резултат на тоа францускиот хечбек се здобива со првото воздушно перниче со контури на превртено јајце, кое подобро ја чува глават, рамениот поја и градниот кош на возачот.

8.Првиот патент на воздушно перниче за автомобили е издаено на Џон В. Хетрик во 1953 година. Неопходни биле 20 години пред технологијата да биде применета на пактика.

9.Ако некогаш се се запрашале зошто воздушните перничиња треба да се отвораат толку брсо и со таква сила тогаш треба да го погледнете видеото.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK