Осумгодишно дете „украде“ Golf и крена 180 км/ч на автопат

ОБЈАВЕНО НА:

Момче од само осум години од градот Зост во Германија во само неколку дена двапати го „украде“ автомобилот на својата мајка и ја крена на нозе полицијата во Северна Рајна Вестфалија. Уште од мал покажува тркачки способности бидејќи успеа да стисне здраво на педалата за гас и со семејниот Golf да крене брзина од 180 км/ч.

Според полицијата малиот тркач ги земал клучевите од автомобилот и стигнал дури до Дормунд кој е на 50 километри од Зост без притоа да запира на црвен семафор или да внимава на какво и да е правило. За разлика од првата „прошетка“ која заврши без проблеми, втората не завршила добро.

Полицијата го открила момчето на паркинг до автопатот каде го удрило „голфот“ во приколка од камион кој бил паркиран. За среќа немало повредени, но автомобилот бил уништен.

Втората кражба нема да мине така лесно како првата. Момчето ќе мора да посетува психолог, а мајка му најверојатно ќе биде санкционирана за невнимателност.

Таа уште при првиот случај ја информирала полицијата дека нејзиниот син редовно возел картинг, а управувал и мал автомобил на приватен имот. Оправдувањето на момчето било дека едноставно сакало малку да се повози.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK