Познати деталите за новата Opel Astra: помалку троши – помалку испушта гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Наскоро ќе почнат нарачките на новата Opel Astra, а германскиот производител објави повеќе детали за моделот, поврзани за моторите, емисијата на ЦО2, но и технологијата што е вградена во возилото.

Она на што најмногу се горди во Opel е што Astra сега ќе испушта до 19 отсто помало количество на ЦО2 во споредба со претходниот модел, и што сите мотори ги задоволуваат Еuro 6d нормите. Ќе има нова генерација на високо ефикасни и лесни бензински и дизелски агрегати во распон од 1.2 до 1.5 литри.

Со 0,25 CD, Sports Tourer припаѓа на автомобили со најниска стапка на коефициентот на аеродинамика во светот, додека хечбекот со пет врати води класата со 0,26 Cd. Динамичната шасија на Astra е дополнително развиена. Новите амортизери ја зголемуваат удобноста. Опционалната спортска шасија содржи поцврсти амортизери, подиректно управување и Watts линк на задната оска

Благодарение на технологиите за намалување на емисиите како бензински филтер за честички (GPF) и дизелската селективна каталитичка редукција (SCR), сите нови мотори на Astra веќе ги исполнуваат Еуро 6d нормите. Сите алуминиумски мотори на дизел и бензин се стандардни со стоп / старт технологијата.

Бензинските мотори се со три цилиндри и сила од 1.2 до 1.4 литри односно од 110 до 145 КС. Во споредба со претходниот модел, потрошувачката на гориво и бројките на CO2 на 81kW (110 КС), 96kW (130 КС) и 107kW (145 КС) Astra се намалени за повеќе од пет проценти, околу 19 проценти и повеќе од 15 проценти, соодветно кај секој модел.

И дизлескиот мотор е трицилиндричен со сила од 105 КС и 122 КС. Во споредба со претходниот модел, потрошувачката на гориво и бројките на CO2 од дизелите од 77kW (105 КС) и од 90kW (122 КС) се намалени за 17 проценти, односно околу 10 проценти, соодветно.

Opel Astra веќе нуди портфолио на најсовремени технологии и системи за помош кои не се нудат кај конкуренцијата во оваа класа на возила – првенствено, IntelliLux LED® матрикс интелигентни светла без отсјај. Обемната понуда исто така вклучува и системи како што се адаптивен круз контрол, предупредување за држење растојание, предупредување за преден судир со автоматско сопирање во случај на опасност, препознавање на сообраќајни знаци и држење на сопствена лента и уште некои други.

Исто така се достапни и ергономски седишта со вентилација и масажа со AGR-сертификат (Aktion Gesunder Rücken e.V.). Astra исто така е високо дигитализирана со нова опционална хај-тек фронтална камера, како и камера за поглед назад.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK